Од историскиот регион во Централна Анадолија на Турција, Кападокија, која уште ја нарекуваат и земја на самовилите, нашата позната ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска, ја продолжи тиристичката авантура северо-западно кон Истанбул.
Турција е егзотична и во зима, а Лила уживајќи во сите убавини, од хотелите, храната, традицијата, крстарењето… се потруди на своите обожаватели и следбеници на Инстаграм да им долови преку видео и фотографија колку може и секако да ги мотивира да ја посетат Турција не само во лето, туку и во зима.
Шетајќи низ истанбулските тесни сокачиња, Лила се инспирираше за еден богат опис на она што го виде и почувствува:
-Секоја уличка, секој ѕид, секоја стреа имаат своја приказна…приказна за нечиј живот, нечија љубов, нечиј успех….Тука прошетал романтичарот, некоја истанбулска невеста ги сликала свадбените слики, Џемиле купувала цвеќе…да тоа се улици кои секој бар еднаш во животот треба да ги прошета, пишува во описот на дел од објавените фотографии.
Турата низ градот кој лежи на два континенти за Лила продолжи со неизбежното крстарење по Босфорот. Велат дека пловењето по Босферот е лек за душа и секоја депресија и тоа во секој период од годината…
Преземено од Вистина.мк