Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ бил примен на Инфективна клиника, каде се лекува од пневмонија, дознава порталот Нова.рс.
Според информациите, Балашевиќ во претходните десет дена се лекувал дома од симптоми на пневмонија.

Да потсетиме, Балашевиќ (66) имаше срцев удар пред две години, а потоа му беа вградени стентови.