ТВ и радио водителот Марко Новески се реши да се жени. Водителот кој го препиознаваме по многу телевизиски проекти, а моментално по квизот „Листа за 300“ на телевизија Сител, во интервју за Точка ТВ открива дека одлучил за се сврши и да ја побара саканата за сопруга.
Сепак, до официјализирање на бракот ќе почекаат уште некое време додека не се стабилизира состојбата со коронавирусот, бидејќи сакаат прослава каде ќе има повеќе луѓе.

„Се верив со мојата сакана партнерка, па кај и да е ќе правам и свадбичка, само нека помине целата оваа работа со коронава, затоа што искрено сакам со луѓе да ја направам свадбата, да биде весело и забавно. На тој план добро ми оди, барем така мислам“, ќе треба и нејзе да ја прашаме, вели Марко за одлуката и својта избраничка.