Лени Кравиц им се придружува на Џенифер Лопез и Џош Духамел во нова акциона комедија

Џенифер Лопез и Џош Духамел имаат уште неколку гости кои доаѓаат на нивната свадба со пушки, Shotgun Wedding, нов филм во кој им се придружува и Лени Кравиц.

56-годишниот пејач и актер го стави својот потпис за да глуми во акционата комедија на „Лајонсгејт“, објави холивудскиот портал „Дедлајн“ во вторникот.

Исто така, според филмскиот портал, своите потписи ги ставија и Чич Меран, Дарси Карден, Селина Тен, Дезмин Борхес и Алекс Малари.

Приказната е насочена кон Грејс (Лопез) и Том (Духамел), кои се подготвуваат да ги соберат и двете свои семејства за нивната свадба.

Она што семејствата не го знаат е дека парот има трема и малку страв, но сето тоа станува второстепено кога семејствата одеднаш ќе бидат земени како заложници.

 

Треба да знаете
Последни објави