Студентката од Санкт Петербург за која некои руски медиуми тврдат дека е „тајната ќерка“ на рускиот претседател Владимир Путин, вели дека ужива што е во „центарот на вниманието“ на руската јавност.
17-годишната Eлисавета Владимировна Кривоногих, позната и како Луиза Розова проговори за својот „нов статус“ во државата. Новинарот на „БиБиСи“, Андреј Закаров кој за првпат проговори за „вонбрачната ќерка“ на Путин, ја прашал Јелисавета дали е ќерка на рускиот претседател, но таа одбила да одговори.
Закаров ја прашал и дали ѝ нанел траума со тоа што проговорил дека таа е вонбрачна ќерка на претседателот Путин, но таа одговорила „Не“.
„Никако. Мојот живот стагнираше, многу сум благодарна на шансата да бидам во центарот на вниманието, поради тоа што луѓето слушнаа за мојот профил на социјалните мрежи“, одговори Eлисавета откако „преку ноќ“ нејзиниот Инстаграм профил добил дури 96,400 следбеници.
„Не се трудам и никогаш не морам да се популаризирам. Навистина се чувствувам добро, не се грижете за мене. Мојот живот оди понатаму и се е во ред“, порача тинејџерката која студира на Универзитетот во Санкт Петербург.

Руските медиуми тврдат дека Eлисавета е ќерка на Путин од аферата на рускиот претседател со Светлана Кривоногих. Таа наводно била љубовница на Путин во 90-тите години од минатиот век, иако никој не може да го потврди тоа, а Светлана одбива да открие повеќе детали за нејзината наводна врска со првиот човек на Русија…
Преземено од Точка