Камерон Дијаз не сака да се врати во актерството откако се повлече од филмовите пред повеќе од пет години.
Актерката (48) за прв пат стана мајка во декември 2019 година кога ја доби ќерката Редикс, сега 13 месеци, со својот сопруг рокерот Бенџи Маден (41).
Sвездата на „Ванила скај“ откри во радио-шоуто Quarantined With Bruce („Во карантиран со Брус“) дека не планира враќање на филмското платно затоа што „не може да замисли да го остави своето бебе за да започне 14-часовно снимање што ќе трае со денови“.
Камерон објасни дека причекала да започне со мајчинството подоцна во животот за да нема одвлекување на вниманиеto.
„Мајчинството и бракот, досега, најмногу го исполнија мојот живот. Едноставно тие две работи во моментов ми се многу важни, чувствувам дека тоа е сè што ми треба.“