Американската пејачка Доли Партон одби да и биде подигнат споменик, откако повеќе илјади луѓе го поддржале предлог законот за поставување нејзина статуа во близина на зградата на Парламентот во сојузната држава Тенеси.
– Почестена сум со нивната намера, но побарав од пратениците да не го разгледуваат тој закон, напиша Партон на социјалните мрежи.
Партон смета дека не е во ред таа да биде поставена „на пиедестал, имајќи го предвид тоа што се случува во светот”
– Се надевам дека еден ден за неколку години или кога повеќе нема да бидам меѓу живите, доколку и тогаш се уште мислите дека тоа го заслужувам, гордо ќе стојам на нашиот голем државен Капитол како благодарна граѓанка на Тенеси, потенцира кантри пејачката и глумица Доли Партон.