Ќерката на починатиот Ѓорѓе Балашевиќ, Јована, се огласи преку социјалните мрежи, споделувајќи видео од приватен роденден и емотивен текст.
Мислев дека вечерва ќе можев да се искрадам. Колку прекрасен ден! Секое лице што го гледам е едно сеќавање. Можеби сеќавањето не е совршено. Понекогаш имам подеми и падови. Но, сите сме заедно, а вечерва сте мои. Ќе го прекршам обичајот и ќе кажам што си посакав додека ја гасев свеќата: Нека ви е животот среќен како што беше мојот. Да се разбудите едно утро и да си кажете: Не сакам ништо повеќе. 67 години. Зарем не минаа во еден момент?“ Те сакам тато, ти ми го подари најубавиот можен живот, се гледаме во дворот“, напиша Јована, покрај семејното видео, на кое се гледа Ѓорѓе Балашевиќ со неговите внуци.