Ким Кардашијан позираше во хулахопки кои речиси совршено одговараат на незината боја на кожа, поради што на многумина им изгледаше дека е целосно гола.
40 годишната ѕвезда ја промовираше својата линија на облека, а за фотографијата која ја објави на Инстаграм доби над 5 милиони лајкови.
Оваа фотографија доаѓа по веста дека Ким поднела барање за развод од раперот Кање Вест, со кој е во брак 7 години.
Барањето, според „Entertainment Tonight“ го поднела поради непомирливи разлики меѓу парот.
Ким и Кање имаат четири деца, ќерките Норт и Чикаго и синовите Сеинт и Псалм.