Што ти е живот, си врви и да не го чувствуваш тоа. Кога ќе се свртиш да погледнеш зад себе, наеднаш сфаќаш и гледаш дека имаш внуци, дека си станал баба и дедо. И тоа е радост, треба да се доживее. Токму таа голема радост силно ја покажуваат сестрите, пејачките Росана и Маријана Сариќ кои во меѓувреме и некако во исто време станале бабички…
А, ако се вратиме накусо во минатото на сестрите мораме да им одадеме почит за убавите песни кои го оставиле на македонската естрада, секако и најголемиот хит “Признавам, признавам“. Иако Росана се откажа од активните сценски настапи, што е долга приказна после нејзиното разочарување со естрадата и егзистира од други некои професии, тоа не значи дека љубовта кон музиката престанала. Во меѓувреме се појави на фестивалските сцени во Валандово и Штип.
Сестра и Маријана долги години живее во Австралија, а таму и се разведе. Сепак, сите овие работи ни најмалку не влијаат на нивната силна љубов кон нивните внучиња. Маријана стана баба на Велигден. Синот Филип си доби ќеркичка Ива, додека Росана е баба на внукот Ноа. Зетот на Росана е Англичанец и со ќерката на Росана, својата сопруга, не живеат во Македонија.
Двете баби, кои уште добро физички изгледаат за своите години, често си споделуваат фотографии од своите внучиња, а и коментарите им се да се стопиш поради толку силни емоции: „На баба и на дедо, сонце наше, наша душа мила. Крофно наша“!!!
Преземено од Вечер Прес



