ТВ-водителот Миро Кацаров замина од естрадниот магазин “Бекстејџ“, ќе има своја емисија на ТВ Канал 5: Шоу-тајм на македонски начин

Нешто ново, необично, кое може да се сретне само по оние вистински странски телевизии, најчесто кај Италијанците, тие се тата-мата за забавни шоу програми. Ова ќе биде тоа, ама на наш македонски начин! Иако звучи нескромно, нема да се пишманите ако бидете со нас секоја сабота и недела на ТВ Канал 5 во вечерниот термин.

-После долги седум години дојде време за телевизиска промена. Така вели познатиот македонски ТВ-водител (и тв-новинар) Миро Кацаров. Тој заминува од естрадниот магазин “Бекстејџ“ и од ТВ Телма и доаѓа на фреквенцијата на ТВ канал 5, која според него е најгледаната македонска ТВ. Зад Кацаров остануваат многу снимени ТВ-прилози, многу настани, многу интервјуа со многу познати личности. Но Миро ветува дека сето тоа ќе има продолжение со новата екипа на соработници во новата естрадна ТВ-емисија. Ама, од април месец на ТВ Канал 5. Единствено не кажува за каков негов (финансиски) трансфер станува збор? Само кусо додава дека така е тоа “кога срцето и разумот заедно ти го кажуваат тоа, тогаш ти си на вистинскиот пат, па затоа преземав чекор каде ќе ни се разделат патиштата“.

-Некои медиуми  да престанат да шират дезинформации за тоа дека сум се скарал со екипата на “Бекстејџ“. Тоа не е точно, вели Кацаров за весникот ВЕЧЕР/vecer.press  Едноставно, се презаситивме едни од други, јас имам други идеи, тие некои свои и сега секој си продолжува по својот пат.
0 Само за ВЕЧЕР откриј ни ги деталите за новото естрадно македонско ТВ-шоу
-Секако, со задоволство. Од ТВ Канал 5 ми се понудени одлични услови за професионална работа. Секако дека ги прифатив. Со мене е одлична екипа на соработници колеги, тука е и атрактивната Ведрана Ѓорѓевиќ која се враќа на малите екрани. Јас сум уредник и оној што го има осмислено целиот проект.

– Македонија е единствената земја во регионот која не врви со естрадни ТВ-емисии, нема таблоидни весници, нема гламур-забави… светските ѕвезди најчесто нè игнорираат?
-Тоа е точно. За возврат имаме премногу политички емисии, ние сме нација која е премногу оптеретена со политика која е влезена во сите пори од нашиот живот. А треба да е обратно, музиката насекаде да ни е присутна. Додуша, сега не се такви времиња за пеење, свадби, концерти, журки, за промоции и фестивали, но и короната како и секоја инфекција ќе помине, а што потоа?…

Преземено од Вечер Прес

Треба да знаете
Последни објави