Пејачката Лепа Брена тешко ја поднесува ситуацијата со коронавирусот, поради која не може да настапува, но ниту да ги прегрне своите најблиски.
Таа истакнува дека е посебно внимателна поради тромбозата која ја става во загрозена група на
граѓани.
-Одамна научив дека проблемите треба да се решаваат со ладна глава. Не сум паничар. Кога се
знам што не смеам да јадам и пијам, и како мојот живот треба да се одвива по здравствени правила, раскажала Брена и додала:
-Научив да живеам по правила и да бидам среќна. Ова со сите мерки за безбедност поради вирусот е ментален атак за сите нас. Оваа социјална дистанца е за мене емотивна дистанца од сите луѓе
кои ги сакате, кои не можете да ги прегрнете, додала пејачката.
– Тоа многу тешко ми паѓа. Се вакцинирав бидејќи тоа е апсолутна заштита и без неа нема патувања ниту комуникација. Кој сака да биде осамен, нека избере што сака. Светот живее и функционира по правила и ние мораме да се вклопиме во нив, заклучила Брена.
Извор: Курир.рс