Форбс: Ворен Бафет во клубот на најбогатите со повеќе од 100 милијарди долари

Американскиот милијардер Ворен Бафет се приклучи на групата луѓе чиј имот се проценува на повеќе од 100 милијарди долари, објави списанието Форбс.

Акциите на „Беркшир Хатавеј” на Бафет вчера достигнаа рекордно ниво, со што неговото богатство достигна 100,3 милијарди долари. Бафет на врвот на листата на најбогати им се придружи на Џеф Безос, Илон Маск, Бернард Арно и Бил Гејтс.

Ворен Бафет важи за најуспешен инвеститор во светот, а тој донираше милијарди од своето богатство во добротворни цели. 

Треба да знаете
Последни објави