(Фото) Синот на Балашевиќ првпат се огласи по смртта на татко му, еве што порача

По неговата сестра Јелена и мајката Оливера, нежни зборови на социјалните мрежи првпат по смртта на неговиот татко, напиша и синот на кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ.

Алекса Балашевиќ објави фотографија на која позира со мајката Оливер и починатиот татко.

„Кога си ти во прашање, нема ниту тага ниту жалост. Туку само среќа и вечност. Едноставно е…“, порачал Алекса.

Во едно стори на Инстаграм, тој објавил уште една фотографија со неговиот татко со истата порака.

Инаку, Алекса Балашевиќ отсекогаш се восхитувал на љубовта на неговите родители Ѓорѓе и Оливера Балашевиќ, таа му е инспирацијата што го води низ животот.

– Денес е премногу е лесно да се биде познат, а јас не сум само дете на познати родители, туку дете на големи луѓе. Божествени. Една уметничка династија. Глобални авторитети – рекол тој претходно за српски „Хелоу“. За него е познато дека успешно се занимава со организирање ММА борби, а вљубен во неговата свршеница Николина.

– Љубовта на мојот Ѓоле и Оља е единствена. Тоа не постои никаде на светот. Мајки ми советуваше и ние да бидеме единствени – рекол Алекса за „Аваз.ба“.

 

tportal

Преземено од +инфо

Треба да знаете
Последни објави