Актерската дива, која има 74 години, изјави дека е подготвена за нова врска, но со некој што има авантуристички дух. Таа гостуваше на еден поткаст за списанието „Пипл“ и зборуваше за љубовта и за врските. Кога ја прашаа дали бара нов партнер, ѕвездата од „Телма и Луиз“ изјави дека има една специјално барање, кое мора да го исполни партнерот – вакцина против ковид-19.
– Некој што е вакциниран против коронавирус. Не ме интересира дали е маж или жена. Отворена сум за сите возрасти и боја на кожа. Тоа за мене се небитни ситници – рече таа и додаде – но заинтересирана сум за некој со авантуристички дух.
Секако актерката не бара некој со кого би започнала семејство, бидејќи веќе има четири возрасни деца. Со режисерот Франко Амури ја има 35-годишната ќерка Ева, а со актерот Тим Робинс ги има синовите Џек Хенри (31) и Мајлс (28)…
Преземено од Слободен Печат



