Роуз од „Блекпинк“ издаде прв соло албум

Роуз Парк од мегапопуларниот јужнокорејски бенд „Блекпинк“ има подарок за светот – долгоочекуваниот прв соло албум.

На чело со синглот On the Ground и B-side Gone, кој го испеа премиерно за време на онлајн концертот на „Блекпинк“ во јануари, првото самостално издание на 24-годишната пејачка вредеше да се чека.

Во минатогодишниот документарец на Нетфликс, „Блекпинк: Осветли го небото“, Роуз откри дека работела исклучително напорно на пишување песни и долго време подготвува свој албум.

Инаку, рекордниот деби албум на квартетот „Блекпинк“ неодамна ја зацврсти својата круна како женски бенд со највисок рејтинг на американската листа албуми „Билборд“.

Треба да знаете
Последни објави