Почина Дара, познатата актерка во „Жикина династија“

Српската актерка Дара Чалениќ почина синоќа на возраст од 87 години, по долга и тешка болест, соопшти „Кино-театар“.

Погребот ќе се изврши во кругот на семејството во Нови Сад.

На поранешните југословенски простори најпозната е по улогата на Дара од „Жикина династија“.

Дара Чалениќ е родена на 18 јули 1934 година во Нови Сад, каде завршила основно училипте, гимназија и Средно актерско шлоло при Српскиот народен театар.

Првиот ангажман го имала во Краљево, потоа во Ужице и Сомбор, а во 1954 станува членка на народниот театар во Нови Сад.

Во Современиот театар во Белград преминува во 1960 година, а во 1964 госина во Југословенскиот драмски театар. Од 1974 година е слободен уметник, а се пензионира во 1988 година.

Има одиграно повеќе од 40 улоги на сцена, а учествувала и на многу драмски емисии, разни серии, забавна и детска програма.

Чалениќ играла во многу филмови, меѓу кои и во „Госпоѓа министерка“. Добитничка е на многу театарски и филмски награди.


Од 1970 година живеела во Њујорк и Бостон, каде игра во драмата на Ингмар Бергман „Персона“, во режија на нејзиниот сопруга Влада Петриќ, угледен професор по филм на Харвард. Во 2014 година се враќа во Белград.

Треба да знаете
Последни објави