Пејачката Џенифер Лопез и бејзбол ѕвездата на Њујорк Јенкис, Алекс Родригез, соопштија во саботата дека „работат на некои нешта“, но вестите дека ја прекинале врска ги нарекоа „неточни“.
Доброизвестениот интернет портал за вести од животот на славните TMZ, порталот New York Post’s Page Six и други американски извори во петокот известија дека двојката раскинала.
„Сите извештаи се неточни. Работиме на некои нешта“, објави двојката во заедничка изјава за медиумите.
Педесет иедногодишната Лопез и 45-годишниот Родригез во врска се речиси четири години и минатата година купија куќа во Мајами вредна 40 милиони долари.
Родригез во петокот објави селфи на социјалните мрежи е снимен на брод во Мајами. „Не грижете се за мене, само ја земам едрилицата, Кои се вашите планови за викендот?“, напиша.
Лопез истовремено беше во Доминиканската Република каде снима филм и се огласи во четвртокот на социјалните мрежи со пораките „Изнајдете добра причина за смеење уште денеска“.
„Имаат тежок период, но не раскинаа. Таа работи во Доминиканската Република, а тој во Мајама, па тешко успеваат да се видат“, рекол извор близок на двојката за магазинот The People.
Да потсетиме, медиумите тврдеа дека главната причина за раскинувањето на славниот пар е ријалити ѕвездата Медисон Ле Крој (31).




