Мајката и таткото на Четковиќ починале од Ковид за една недела: Боли и боли и боли…

Црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ (45) на почетокот на месецов остана без мајка си Драгица која ја погреба токму на неговиот роденден, а денеска засекогаш се прости и од татко му Слободан кој исто така почина од последици на Ковид-19.

Пејачот преку Инстаграм се прости од родителите

-Колку и да се обидува човек да се подготви, колку и да е силен, за некои работи не можеш да се подготвиш. Си мислиш дека ќе биде доволно да земете воздух и да го задржите што е можно подолго за да ја избегнете болката, но не. Не поминува! Боли и боли и боли… Ми велат дека сè ќе биде добро, дека тоа е процес, како и самиот живот… Во моментот кога ќе се разделите со вашите родители, ја сфаќате таа болна, студена вистина. Дека веќе не си дете. Ја нема повеќе таа родителска грижа, вознемиреност, радување, несебична љубов… Ја нема повеќе онаа што ме донесе на овој свет и оној што ме сакаше, ме бранеше и ме научи на животот“, напиша тој на Инстаграм, а потоа ги упати и последните зборови кон својата мајка:

Драга мајко,

Иако прва не’ напушти, ненадејно и без најава, знаев дека нема да те пушти да заминеш сама. Сепак, предолго ви беа душите поврзани на овој свет за да дозволи на таа последна прошетка да заминеш сама. Како што и пред 50 години се заколнавте на љубов и дека ќе бидете заедно додека смртта не ве раздели, вие овојпат ја победивте и самата смрт. Одлучивте и во вечноста да останете прегрнати.

Ви благодарам што денеска плачеме за вашата добрина, несебична љубов, тажни што повеќе ве нема, но среќни што имавме такви родители и што ни оставивте толку убави спомени. Сега вози, мил татко. Вози го последното рели, сруши го својот последен рекорд знаејќи дека таа те чека на последниот свиок, заедно и насмеани да влезете во рајската порта. Нека ве чуваат Ангелите под нивните крилја и Бог да ве прими во неговото Царство небеско. Нека ви е вечна слава и ви благодариме. Вашите синови Игор, Сергеј и Срѓан“

Треба да знаете
Последни објави