Иако на прв поглед двајцата изгледаат како неспоива комбинација, принцезата Дајана и Мајкл Џексон всушност биле поврзани со убаво пријателство.
Нивната прва средба била „нервозна“, а се запознале во текот на концертот на Мајкл во Лондон. Првата средба била и последна.
Принцезата Дајана ја обожувала музиката на Мајкл Џексон, а и двајцата имале голема склоност кон „ширење на мирот во светот“. Првпат се виделе во мај 1988 година на Вембли каде што Мајкл одржувал концерт. Дајана тогаш била во друштво на својот сопруг Чарлс.
Џексон бил нервозен пред да ја запознае Дајана, толку многу што од списокот на песни кои што требало да ги изведува ја отстранил „Dirty Diana“.
Го загрижувало размислувањето дека е непријатно да ја пее таа песна пред член од кралското семејство, сепак Дајана го слушнала тоа и му рекла да не го прави тоа затоа што таа песна ѝ била една од омилените.
Како што раскажале присутните, Дајана танцувала постојано во текот на концертот, а Чарлс седел. По оваа средба, односот на Дајана и Мајкл прераснал во пријателство:
„Бевме многу блиски, често се слушавме по телефон. Тогаш сè уште бев во брак со Лиза Мари, а Дајана вообичаено ми се јавуваше навечер или пак во три часот наутро. Со часови разговаравме, ми зборуваше за децата, за новинарите“, открил Мајкл во 1999 година за германските медиуми.
Тие биле пријатели до смртта на принцезата Дајана, а кога Мајкл дознал дека е мртва се срушил од тага и плачел. Ја откажал и турнејата, а кога се вратил на сцена нејзе ѝ ги посветил првите зборови:
„Дајана, те сакам. Ти сјаеш и засекогаш ќе сјаеш затоа што си првата принцеза на народот“, изјавил кралот на попот.
Преземено од Точка



