Шкода Октавиа – најпосакуван автомобил во изборот на Златно Тркало

Циклусот на гласање на овогодинашното Златно Тркало за најпосакуван автомобил во државата заврши. Во категоријата најпосакуван автомобил победи Шкода Октавиа со 954 гласа.

Со 1.971 глас за најпосакуван семеен автомобил повторно е избрана Шкода Октавиа, а за најпосакуван градски автомобил Пежо 2008 со 1.389 гласа. Најпосакуван електрифициран автомобил со 1.609 гласа е Пежо е-208.

Гласањето, како што информира Авто плус, помина регуларно, а битката до последен момент се водеше со Пежо 2008.

– До неделата во 23:50 часот, по 14-дневно гласање, вкупно имавме 15.340 гласања во четири категории (лани имавме пет категории) што е зголемување од околу 30 проценти, со што веруваме дека се зголемил интересот, а и заедничкиот ангажман во Изборот, соопшти Авто плус.

Изборот Златно Тркало, како што посочуваат, е целосно веб базиран избор за најпосакуван автомобил во земјава, на кој глас даваат сите граѓани на државата кои имат пристап до интернет. Се гласа на сајтот по категории, за по еден фаворит. На листата се наоѓаат нови автомобили презентирани на нашиот пазар во последните 12 месеци, за кои импортерите изразиле интерес за учество.

– Во функција на организатори и презентери на новитетите се порталите www.avtoplus.mk; www.carclub.mk; www.carbyvik.mk и јутуб каналот rpm.mk, кои со свои тестови, објави, постови и видеа на сите социјални мрежи, ги претставија кандидатите пред македонска публика. Креатор на изборот е најстариот автомобилски медиум кај нас Авто Плус, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави