Медисон е фаталната русокоса која ја уништи свршувачката на Џенифер Лопез и Алекс Родригез

Откако во јавноста се појавија информациите дека латино дивата Џенифер Лопез (51) ја раскинала двегодишната свршувачка со бејзбол легендата Алекс Родригез (45), нивните обожаватели не престануваат да жалат и да објавуваат коментари под нивните заеднички фотографии.

Неколку американски медиуми објавија дека причината за крајот на нивната врска е афера која Алекс наводно ја имал со Медисон Лекрој (31). Медисон е 20 години помлада од Џеј Ло, а позната им е на оние што следат реални шоуа.

Медисон негира такво нешто и вели дека никогаш не се сретнала со Алекс, но штетата е веќе направена затоа што, според странските медиуми, се чинело дека токму таа е виновна за раздорот помеѓу славната пејачка и спортистот.

И претходно имаше проблеми, но скандалот со Медисон е капка што ја прелеа чашата. Џенифер не можеше повеќе да се справи со тоа. Во глава ѝ стоеше мислата дека Алекс ја изневерува со 20 години помладата ријалити sвезда – објави еден од најпознатите блогери за славните личности, Перез Хилтон (42), пишува „Пејџ сикс“…

Преземено од Убавина и Здравје

Треба да знаете
Последни објави