Мишел Обама: Барак игра голф за да ме избегне

Поранешната прва дама на СAД призна дека едно нешто на нејзиниот сопруг од кое би се ослободила се неговите голф-палки бидејќи многу време поминувал во оваа игра.

“Досадни се! Тоа трае предолго! Зошто постои спорт во кој има 18 дупки? Тие го измислија тоа. Тоа е за оние што се обидуваат да ја избегнат својата сопруга.“

Мишел откри и кои бизарни работи ги зеде семејството од Белата куќа по завршувањето на двата мандати на нејзиниот сопруг Барак како претседател во 2017 година.

На прашањето што зела од Белата куќа, таа изјави за шоуто „Елен Деџенерис“: Зедовме сè! Ја имаме оваа торба, велигденски јајца, бонбони White House М & Мs , јо-јо.

Во меѓувреме, Мишел – која ги има Саша (19 ) и Малија (22) со Барак, со кого стапи во брак во 1992 година – претходно се отвори за подеми и падови на мајчинството.

“Мајчинството ме научи дека, во најголем дел од времето, мојата работа е да им дадам простор да истражуваат и да се развиваат во луѓе какви што сакаат да бидат. Не она што сакам да бидат во тоа возраст, но кои се тие, длабоко во себе.“

„Мајчинството, исто така, ме научи дека мојата работа не е да бидам булдожер на патот во обид да ги елиминираат сите можни неволји. Наместо тоа, треба да бидам безбедно место за да слетаат кога ке имаат проблем и да им покажам, дека не се сами.“

Треба да знаете
Последни објави