Почина актерот Јафет Кото

Актерот Јафет Кото, кој се прослави во 70-тите години од минатиот век, борејќи се против Џејмс Бонд во Live and Let Die („Живеј и остави ги другите да умрат“) и како член на екипажот во Alien („Осмиот патник“), почина на 82-годишна возраст.

Веста за магазинот „Варајети“ја потврдиле агентот на актерот Рајан Голдар и неговата сопруга Теси Синахон. Причината за смртта на Кото сѐ уште е непозната.

Во објава на Фејсбук во понеделникот на Фејсбук, Теси го опиша својот покоен сопруг како легенда.

Во филмот за 007, Кото глумеше нарко крал кој практикува вуду магија.

Кото беше и член на екипажот во научно-фантастичниот филм „Осмиот патник“ од 1979 година. Беше и дел од тимот во американската ТВ-полициска драма „Оддел за убиства“.

Другите улоги на Кото беа во акционите филмови од 1980-тите The Running Man и Midnight Run.

Актерот беше номиниран за престижната награда „Еми“ за улогата на поранешниот претседател на Уганда, Идио Амин, која ја отелотвори во 1997 година во Operation Entebbe.

Треба да знаете
Последни објави