Ријана се почести со нова куќа од 13.8 милиони долари

Ријана купи прекрасна палата на Беверли Хилс изградена во 30-тите години на минатиот век.

Импресивната вила за која даде 13.8 милиони долари се наоѓа преку улица од Сер Пол Макартни, со кого претходно работеа заедно на хитот FourFiveSeconds во 2015 година.

Куќата со преубав двор и отворен базен, седум спални соби и седум бањи, се наоѓа на едно затскриена и бујна патека во планините, на површина од 21.958 квадратни метри и првично е изградена во 1930-тите.

 

Меѓу другите соседи на 33-годишната магнатка на истата тивка улица е и Мараја Кери, која со години изнајмува имот тука, а од неодамна и Мадона го одбра ова совршено прибежиште во екот на пандемија.

Треба да знаете
Последни објави