Разводот на поранешната холивудска двојка е сè уште во постапка. Анџелина Џоли и Бред Пит се борат скоро пет години околу старателството над децата и поделбата на имотот. Актерката планира да презентира нови докази за семејно насилство и злоупотреба на суд.
Анџелина Џоли до судот доставила нови документи во врска со „наводно“ семејно насилство извршено од нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.
„Откако парот е во процес на развод, Анџелина изнесуваше разни невистинити тврдења во кои кажува лаги за нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит. Ги користи и децата. Ова е само обид да се наруши угледот на актерот “, изјави извор близок до актерот.
„Ситуацијата е прилично тешка. Јас сум фокусирана на подобрување на односите во нашето семејство. Сè уште не успеав во тоа. Но, се надевам дека тоа ќе се случи наскоро“, истакна актерката неодамна во интервју за магазинот „Вог“.
Преземено од Локално



