Популарната група „ABBA“ ја сочинуваа два брачни пара, но со крахот на нивните врски дојде и до распаѓање на една од најпопуларните поп групи во 70-те години.
Шведската група „ABBA“ ја сочинуваа два брачни пара – Бјорн Улвеус и Агнета Фелтског и Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад. Музичарите и текстописци Бјорн и Бени соработуваа на бројни проекти и по распадот на групата, а нивните сопруги и пејачки Агнета и Фрида беа најважниот дел од бендот со гласови кои идеално се дополнуваа.
Каде е денес Ани-Фрид Лингстад?
По распадот на „ABBA“, Ани-Фрид накратко продолжи да се занимава со пејачката кариера и го промени имиџот. Нејзиниот самостоен албум „Something’s Going On“ го продуцираше Фил Колинс во 1982 година, а 2 години подоцна го издаде и албумот „Shine“. Во 1996 година, издала и албум на шведски јазик, а потоа ја насочи кариерата на дуети, но и настапуваше на помали проекти сè до 2005 година.
За жал, нејзиниот живот имаше многу подеми и падови, а не ја заобиколиле ниту семејните трагедии. По бракот со музичарот од „ABBA“, го запознала принцот Хајнрих Рузо Рус од Плауен, кога се преселила од Шведска во Лондон во 1986 година. Парот се преселил во Швајцарија и живееле во семејниот замок на Хајнрих во Фрибург. Се венчаа во 1992 година и беа во брак сè до неговата смрт во 1999 година. Денес, Ани-Фрид е грофица од Плауен.
Трагедијата која остави огромна трага во нејзиниот живот е изненадната смрт на нејзината ќерка. Во 1998 година, таа го загуби животот како последица на повредите со кои се здобила во сообраќајна несреќа во Њујорк.
Денес, Ани-Фрид и понатаму повремено се појавува во јавноста, а еден од најважните проекти на кои таа учествуваше е „Mamma Mia“.
Агнета Фелтског живее повлечен живот на фарма
Прекрасната русокоса, по распадот на „ABBA“ не се повлече веднаш од сцената. Таа издаде самостоен албум во 1982 година, кој беше само првиот од 7-те по разидувањето на членовите на групата.
Агнета се венчаше со хирургот Томас Соненфелд во 1990 година, но парот се разведе само 3 години подоцна.

Голем дел од своето време посветила на астрологијата, јавањето коњи и јогата, а денес живее сама во изолирана селска куќа во близина на Стокхолм.
„Јавноста отсекогаш мислеше дека сум повлечена и мистериозна, но јас сум поприземјена отколку што сите мислат. Живеам на фарма близу Стокхолм. Водам нормален живот со 3 кучиња. Разговарам со другите сопственици на кучиња, пазарам и посетувам ресторани со пријателите, а не ми смета ниту потпишувањето на автограми“, изјавила таа во една прилика.

Животот на нивните поранешни сопрузи од „ABBA“ е веројатно подинамичен, со оглед на тоа што и двајцата сè уште се занимаваат со компонирање музика и снимање филмови.
Преземено од Точка



