Филип Шофилд ѝ порача на војвотката од Сасекс да замолчи

ТВ-водителот Филип Шофилд се најде на удар на корисниците на Твитер откако во етер ѝ порача на војвотката од Сасекс „да ја затвори устата“.

Филип Шофилд, водител на британската утринска eмисија This Morning  распали по војводата и војвотката од Сасекс во реакција на тврдењата дека членовите на кралското семејство сè уште не разговарале со војвотката од Сасекс по фамозното интервју за Опра.

А во врска со тврдењата дека двајцата браќа имале непродуктивен разговор, ТВ-водителот му порача на парот, особено на Меган, дека е крајно време да запре.

„Го кажа својот став, сега затвори ја устата и продолжи со твојот тивок американски живот,“ рече тој, обраќајќи ѝ се на војвотката од Сасекс

Филип (58) го обвини парот за „прободување нож низ срцето на монархијата“.

„Ѝ го прободевте срцето на монархијата и треба да престанете,“ додаде тој.

Гледачите на емисијата беа поделени околу коментарите на Филип, а некои твитерџии го обвинија дека е драматичен.

„Забодевте нож во срцето на монархијата ?! Ова е премногу драматично, Фил“, напиша еден корисник на Твитер.

Друг додаде: Гледам дека This Morning и понатаму е интензивно токсична емисија со домаќин кој удира тапани за бригадата „Ние ја мразиме Меган“ заедно со неговите две Зум-навивачки.

Треба да знаете
Последни објави