Популарниот и кај многу жени омилениот пејач Масимо Савиќ, конечно на сите има ја покажа својата законска сопруга, својот брачен другар. Иако до сега ја криеше од јавноста и ако никогаш не се сликаше заедно со неговата Ени, тој конечно попуштил пред фановите и многубројните љубопитни луѓе. Ги почестил со фотографијата на која е Масимо со Ени во нежна ситуација.
– Ени е мојот спокој на кој му се препуштам после сите мои турнеи, концерти, кога посакувам само да сум тој што сум, а таа е единствената која најдобро ме познава и прифаќа.
Признавам дека треба сила да ме издржиш, а Ени знае како со мене. Бесконечно сум ѝ благодарен! Нема шанси да се случи Ени да излезе од дома, а јас пред тоа да не ја бакнам.
Таа и нашата ќерка Мирна ми се вечна инспирација за се, и за рабатота на музичар, работа со која се занимавам и за среќа имам уште успеси, вели среќниот хрватски пејач, кој ако во наредното време попушти коронавирусот би требало и ова лето да го видиме на некој концерт во Македонија, како што тоа беше минатото лето во Античкиот театар во Охрид.
Преземено од Вечер Прес



