Предраг Живковиќ Тозовац (85) се изборил со коронавирусот и за два дена ќе ја напушти болницата, пишуваат српските медиуми.
Тој ги избегнал тешките последици затоа што непосредно пред короната ја примил кинескта вакцина Синофарм.
-Предраг се чувствува одлично и денешните прогнози се дека ќе биде отпуштен од болница за два до три дена. Тој е примен со пневмонија и беше само на кислородна поддршка. Непосредно пред да се зарази ја прими втората доза од кинеската вакцина поради што немаше потешки симптоми. Благодарение на вакцината избегна респиратор и на своите 85 години успеа да го преброди вирусот кој многумина не успеале. Здравствените работници, докторите, сите се многу задоволни од неговата состојба, вели неименуван извор за „Republika.rs“.



