На 29 март на 20-годишнината од апсењето на Слободан Милошевиќ, РТС ќе започне со емитување на долгоочекуваната играна серија „Семејство“, која во пет продолженија ги следи последните три дена пред апсењето на поранешниот српски претседател.
Серијата, во која играат големи регионални sвезди започна да се снима пред година и пол, а сега со нетрпение ја чека цела Србија, но и регионот, иако веќе сега предивикува контроверзи и пред да почне да се прикажува.
Имено, Марија и Марко Милошевиќ преку нивните адвокати, во неколку наврати се обидоа да го забранат снимањето на серијата за нивните родители, тврдејќи дека Мирјана и Слободан Милошевиќ нема да бидат прикажани во објективно светло, но нивните напори немаа успешен исход.

Познатата српска театарска, телевизиска и филмска актерка, 64-годишната Мирјана Карановиќ ја игра сопругата на Милошевиќ, Мирјана Марковиќ, а Борис Исаковиќ го глуми Слободан Милошевиќ. Бојан Вулетиќ е сценарист и режисер на серијата.




