Хелен Мирен ќе глуми негативец во „Шазам: Бесот на боговите“

Харизматичната оскаровка Хелен Мирен се придружи на актерската екипа на претстојниот филм на „Ди-си комикс“, каде ќе ја глуми злобната Хеспера, ќерка на Атлас, според официјалниот опис на филмот.

Како што пренесува The Wrap, малку се знае за Хеспера во универзумот на „Ди-си комикс“, но Атлас е име на неколку ликови инспирирани од Титанот на страрогрчката митологија.

Филмот е продолжение на „Шазам!“ од 2019 година – акција, адаптација на стрип – и ќе ја проследи приказната за тинејџерот Били Бетсон, кој откако ќе го изговори магичниот збор Shazam го погодува  жива молња на боговите и тој се трансформира во возрасен суперхерој, Шазам.

Заедно со Хелен, Ашер Ејнџел ќе се врати како момчето Били, додека Захари Леви повторно ќе го игра титуларниот суперхерој.

Треба да знаете
Последни објави