Третото основно јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против пејачката Јелена Карлеуша за напад и навреда на фотографот на „Курир“, Владимир Шпоршиќ, пред две години, додека тој бил на работна задача.
Карлеуша е обвинета за кривично дело злоупотреба и тортура, за што ѝ се заканува казна затвор од една година. Таа го нападнала фотографот на гробиштата во Бежанија, во јули 2019 година, додека тој ја вршел својата работа на јавно место , пренесува Србија Данас.
Како што беше тогаш објавено, Јелена физички го нападнала репортерот, го плукнала и го навредила.
По поднесеното обвинение пеачката се огласи на Фејсбук.
– Нејасно е како фотографот и неговиот возач воопшто ја преживеаја таа „тортура и злоупотреба“! Имено, тие „не ја завршија својата работа“ на гробот и ја сликаа оваа „опасна жена“ додека го чистеше гробот на нејзината мајка … Двајца исплашени и незаштитени мажи никогаш не треба да шетаат сами на гробиштата и да сликаат, бидејќи сè може да се случи! На пример, тортура и злоупотреба, и силување не е исклучено, напиша Карлеуша.



