Беше еден од најсаканите ликови од „Истанбулската невеста“ а сега го чека затвор од 18 месеци

Турскиот актер, Озкан Денис (48), кој и е познат на македонската публика по улогите во сериите „Истанбулската невеста“ и „Судбина“, може да заврши во затвор за насилство врз неговата 20-годишна поранешна сопруга Фејза Актан.

Имено, како што пишуваат турските медиуми, истрагата за случајот е завршена и обвинителството покрена тужба против Озкан во која се бара затворска казна во траење од шест месеци до максимум година и пол.

Фејза рече дека актерот ја тепал неколку пати, а прв пат тоа се случило пред три години во нивната куќа во областа Сарјер.

Таа откри дека третиот насилен инцидент се случил додека биле во Германија, а според турските медиуми, дадилката на синот на поранешните сопружници, нивни заеднички пријатели и сестрата на Фејза сведочеле пред судот…

Преземено од Курир

Треба да знаете
Последни објави