Гвинет Палтроу немала поим како да биде добра маќеа

Гвинет Палтроу призна дека немала поим како да биде добар родител на децата на сопругот Бред Фалчук од неговиот претходен брак

Гвинет разговараше за родителството со колешката маќеа и актерка Габриел Јунион во текот на најновата епизода на The Goop Podcast.

Гвинет и Габриел мораа да се справат со мајчинството од сите агли, вклучително и да бидат помајки на децата на нивните сопрузи.

„Кога станав маќеа, кога знаев дека ќе станам маќеа, јас немав идеја како да го направам тоа “, призна 48-годишната sвезда на „ Железниот човек “.

„Нема што да се прочита. Што да правам? Како да го направам ова?“

Изабела и Броди се деца на сегашниот сопруг на Палтроу, Бред Фалчук. „Тоа беше навистина интересен предизвик за мене, ги сакам, и научив многу за себе низ целиот процес “, додаде таа.

Гвинет има две деца, 16-годишната ќерка Епл и 14-годишниот син Мозес, со поранешниот сопруг, музичарот Крис Мартин, од кого се разведе во 2016 година по 13 години брак.

Треба да знаете
Последни објави