Шерон Стоун: Го платив хонорарот на Дикаприо откако филмското студио одби

Тогаш 21-годишниот актер ја фасцинирал Стоун на аудицијата, па таа како ко-продуцент на филмот инсистирала тој да ја добие улогата.

Откако студиото Три Стар Пикчрс одбиле да го исплатат хонорарот за Дикаприо, Шерон Стоун го сторила тоа од свој џеб.

Во филмот, освен Стоун и Дикаприо глумат и Џин Хекман и Расел Кроу

Важно е да се напомене дека вестернот The Quick and The Dead излезе во 1995 г, цели 2 години пред Титаник и светската слава која го вивна Леонардо кон ѕвездите.

Во мемоарите таа пишува:

,,Детево по име Леонардо Дикаприо, беше единственото кое одлично се покажа на аудицијата. По мое мислење, беше единствениот кој дојде, плачеше молејќи го татка си за љубов додека умира во сцената.”…

Преземено од Fashionel

Треба да знаете
Последни објави