Мјузиклот за принцезата Дијана прво на „Нетфликс“, а потоа на Бродвеј

Нов мјузикл за принцезата Дијана ќе има премиера на „Нетфликс“ пред планираното отворање на Бродвеј во декември, соопштија продуцентите во вторникот, во иновативен потег за промовирање на проектот.

Во едно од првите Бродвејски шоуа со цврста најава за датум на премиера по прекинот од една година среде пандемија, соопштено е дека Diana: The Musical ќе ја отвори вечерта на сцена на 16 декември.

Но, ќе биде објавен пред тоа на „Нетфликс“ на 1 октомври, изјавија продуцентите, во она што се смета за прв ваков аранжман за нова сценска претстава.

„Шансата да ја споделиме нашата претстава, прво со глобалната публика на Нетфликс, а потоа да ја пречекаме публиката во живо на Бродвеј, е нешто за што сите сонувавме повеќе од една година“, велат продуцентите во соопштението.

Театрите на Бродвеј се затворија во средината на март 2020 година поради пандемијата. Затворањето сега официјално се протега до јуни 2021 година, но театарската заедница во Њујорк очекува мјузиклите и претставите во живо да се вратат во септември.

Според светските шоубиз медиуми, премиерата на мјузиклот „Дијана“ на стриминг-платформа пред да дебитира на Бродвеј е досега невиден потег за забавната индустрија, која тешко се справува со пандемијата.

Ова е првпат во историјата бродвејска претстава да оди директно на малите екрани пред да има театарско деби.

Треба да знаете
Последни објави