Француските филмаџии стравуваат дека ќе има премногу филмови со повторното отворање на киносалите

Иако датумот за повторно отворање на киносалите се уште е непознат, властите и дистрибутерите на филмови во Франција се обидуваат да ги регулираат 400-те филмови што моментално чекаат на излегување во киносалите, јави дописникот на МИА..

Националниот центар за кино и анимирана слика (ЦНЦ) објави изземање за исклучително дозволување кино-филмови да бидат прикажани на малите екрани, со надеж дека ќе се избегне „гужвата”  кога повторно ќе се отворат киносалите. Кината се затворени од крајот на октомври, а околу 400 француски и странски филмови се подготвени за прикажување. Професионалците стравуваат од огромен метеж кога повторно ќе се отворат театрите.

-Би било штетно и за јавноста и за нашите креатори ако, поради премногу достапни филмови, големите продукции, особено американските, ги лишат различните дела од јавноста. Од суштинско значење е секое дело да може да ја сретне својата публика , рече претседателот на ЦНЦ Доминик Бутона во соопштението за јавноста.

Во пракса, филмовите ќе можат да побараат од ЦНЦ да има корист од ова изземање, со цел да бидат објавени исклучително на онлајн платформи, на ДВД или дури и на телевизија, до еден месец по повторното отворање на кината, „задржувајќи ја добиената помош” за време на нивното производство. Оваа мерка „на кој било начин не ја доведува во прашање хронологијата на медиумите или нивниот претстоен развој”,подвлече ЦНЦ.

Овие правила, кои го регулираат објавување на филмови во Франција од нивното  кино издание до нивното емитување на телевизија, особено, кога во моментов се дискутира за подобро да се земат предвид моќните платформи од типот на Нетфликс. Други мерки би можеле да бидат објавени во обид да се воведе ред во огромната маса на филмови кои чекаат на излегување: Конкурентскиот орган наскоро мора да донесе одлука за „усогласен распоред за излегување на новите филмови во кино салите  “, посакуван од филмските професионалци.

Треба да знаете
Последни објави