Музичката легенда Зафир Хаџиманов ќе биде погребан во среда, на седми април на Новите гробишта во Белград. Неговиот син, нашиот истакнат музичар Васил Хаџиманов, денеска ги соопшти деталите за погребот.
-Испраќањето на мојот татко Зафир ќе се изврши на 7 април на Новите гробишта, во кругот на најблиското семејество и пријатели. Урната ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани. Кога ќе помине оваа грозна пандемија, ќе направиме испраќање, какво што доликува и какво што Зафир заслужи. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Токму така како што тој би сакал и како што живееше целиот свој живот. Ви благодарам од се срце на на сите за многубројните пораки на поддршка и разбирање, напиша Васил на Фејсбук.