Во првата половина од месец април ќе започне со емитување новата емисија на Канал 5 телевизија која ќе го носи името „Голден Карпет“. Акцентот на овој телевизиски формат ќе биде ставен нормално на домашната ,но и на балканската и светска музичка сцена.
Освен најпознатите музички имиња,ќе гостуваат и најпопуларните политичари,спортисти и актери,кои дефинитивно ќе ги запознаете од еден друг агол од нивниот живот.
Водителски тандем на овој проек ќе бидат Миро Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ, добро познати телевизиски имиња кои после долги години работа на други проекти конечно ќе го здружат силите и ќе бидат ваши домаќини во „Голден Карпет“.
Ведрана Ѓорѓевиќ, пак, која јавноста ја запозна преку форматот „Тротоар“ после после подолга медиумска илегала повторно се враќа пред ТВ – екраните