Канадскиот пејач Викенд донираше 1 милион долари на Светската програма за храна при Обединетите нации за да помогне во борбата против гладот во Етиопија.
Добитникот на „Греми“ рече дека е скршен кога гледа што ѝ се случува на африканската нација, среде извештаи за етничко чистење и раселување на над 2 милиони луѓе во областа Тиграј во земјата, пренесува „Њујорк тајмс“.
„Ќе донирам 1 милион американски долари за да обезбедам 2 милиони оброци преку Светската програма за храна на Обединетите нации и ги охрабрувам сите што можат, да донираат“, напиша „Викенд“, чие родено име е Абел Меконен Тесфаје.