Тicket to Paradise („Билет за рајот“), романтичната комедија која повторно ги обедини ѕвездите на „Единаесеттемина на Оушн“ Џулија Робертс и Џорџ Клуни треба да се појави во киносалите во есен следната година.
„Јуниверзал пикчрс“ го одреди точниот датум на премиерата, а тоа е 30 септември 2022 година, пренесува „Варајети“.
Филмот во режија на Ол Паркер ги обединува двајцата оскаровци од А-листата, кои се и долгогодишни пријатели. Тие во минатото работеа заедно во Ocean’s Eleven (2001), Ocean’s Twelve (2004) и Money Monster (2016).
Во „Билет до рајот“, Робертс и Клуни глумат разведена двојка, која патува на Бали за да ја спречат нивната ќерка да не ја направи истата грешка што мислат дека тие ја направиле пред 25 години.