Тајгер Вудс возел речиси двојно побрзо од ограничената брзина кога направи судир во февруари, утврди истрагата за неговата несреќа.
Голф-легендата претрпе повеќе повреди на ногата откако неговиот автомобил удри во банкина и неколку пати се преврте, а според шерифот на округот Лос Анџелес, сега е потврдено дека возел помеѓу 84 и 87 милји на час (135 и 140 км на час) во моментот на несреќата во област со ограничување на брзината од 45 км / ч.
„Примарниот причински фактор за оваа сообраќајна несреќа бил возење со брзина небезбедна за условите на патот и неможноста да ја совлада кривината на коловозот“, рече шерифот на округот Лос Анџелес, Алекс Вилануева.