Документарна серија во повеќе делови за животот и кариерата на раперот Канје Вест, наводно, треба да се појави на „Нетфликс“ годинава.
Според „Билборд“, стриминг-гигантот потрошил над 30 милиони долари на серијата, иако тоа не е официјално потврдено.
Моментално неименуваниот проект го помагаат продуцентскиот пар Кларенс „Коди“ Симонс и Чајк Оза, кои стоеја зад промоцијата на хип-хоп ѕвездата и основач на брендот „Јизи“ за Jesus Walks (верзија 3) и Through the Wire во 2004 година.