Војин Ражнатовиќ кој е син на Жељко Ражнатовиќ Аркан на својот Инстаграм профил објавил интересно стори кое буквално ги растресе српските медиуми.
Преку оваа порака многумина сметаат дека тој го прозива својот брат Вељко и неговиот другар Мирко Шијан.
Имено Војин напиша порака на социјалните мрежи која бурно беше проследена во Србија со оглед на тоа дека тој живее во САД.
-Има ли подобра занимација од двајца другари папучари кои се натпреварува кој е поголем папучар од нив двајца? Напиша Ражнатовиќ.
За потсетување Вељко и Мирко се добри другари и редовно објавуваат фотографии на социјалните мрежи од нивните дружби. Вељко е во брак со Богдана и имаат син, а Мирко со нејзината сестра Бојана го чека своето прво дете.
Преземено од Курир