Рене Зелвегер ќе биде голферка во нова комедија на Мајкл Патрик Кинг

Рене Зелвегер се враќа, буквално и фигуративно, со новиот проект The Back Nine.

51-годишната двократна добитничка на „Оскар“ се потпиша да глуми во комедијата за голф од режисерот и ко-сценарист Мајкл Патрик Кинг, дознава „Холивуд репортер“.

Ова ќе биде нејзин прв филмски проект по „Џуди“ од 2019 година, кога го доби својот втор „Оскар“ за портретирање на култната Џуди Гарланд.

Зелвегер ќе глуми поранешна голферка, која се откажува од сопствените аспирации за да ја поддржи професионалната кариера на нејзиниот сопруг и да биде близу до нивниот син.

Откако нејзиниот брак и семеен живот почнуваат да тонат, таа одлучува да ги оствари своите соништа да стане професионален играч на голф.

Мајкл Патрик Кинг ќе го режира филмот по сценариото што го напиша заедно со Џони Марчинко и Криста Смит.

Треба да знаете
Последни објави