Калиопи Букле важи за една од најпознатите пејачки како во Македонија така и во регионот.
Таа често е активна на социјалните мрежи преку кои се дружи со љубителите на нејзината музика.
Откако зафати пандемијата со коронавирусот, Калиопи како и нејзините колеги е принудена на музичка пауза. Меѓутоа, таа овој период го искористи за да ужива во слободното време и да прави работи кои можеби не ги правеше поради професионалните обврски.
За време на последната година, таа се дружеше онлајн со фановите, се вклучуваше во живо, одржуваше онлајн концерти, па дури и натпревари.
Иако Калиопи често е активна на „Инстаграм“ таа не го експонира своето семејство.
Меѓутоа, овојпат направи исклучок и македонската дива на социјалните мрежи објави фотографија од нејзината мајка и сестра.
„Добра страна на пандемијата – повеќе моменти како овој….Tи благодарам мамо што му пркосиш на времето и го чуваш младиот дух и го споделуваш со нас“, те сакам“, напиша Опи на фотографијата на која позира насмеана.
Денес Калиопи од сестра си има една внука, додека од братот има двајца внуци.
Преземено од Вистина.мк