Елегантен стајлинг на најдолговечната кралица

Познато е дека британската кралица Елизабета Втора носи светли бои, така што се истакнува за оние кои сакаат да ја видат кога е меѓу многу луѓе.

И додека тивко го одбележува својот 95-ти роденден, некои медиуми се осврнаа на разновидната палета на бои во нејзиниот стајлинг, од скарлет црвена до индиго сина, со сите нијанси помеѓу.

Вибрантните бои имаат своја имаат своја важност, симболика и цел – присуството на кралицата да биде видливо кога е меѓу луѓе. Во која и да е пригода, таа треба да се истакне и никој во јавноста да не може да ја изгуби од вид.

 

 

Кралицата речиси никогаш не излегува без ракавици, има повеќе од 200 чанти и многу сака шапки. Таа преферира ракави со 3/4 должина бидејќи се поудобни кога ги поздравува своите поданици.

 

Треба да знаете
Последни објави