Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против професорот по глума Мирослав Мика Алексиќ, пренесуваат српските медиуми.
Обвинението се однесува на неколку кривични дела, и тоа: две продолжени кривични дела силување, две кривични дела силување и пет кривични дела недозволени полови дејствија кои се на штета на седум оштетени.
Обвинителството бара и да се продолжи неговиот притвор, за што треба да одлучи Вишиот суд во Белград. Поради заштита на приватноста на учесниците во постапката, предложено е јавноста да биде исклучена во текот на главниот претрес, информираат српските медиуми.
Познатиот професор по глума, Алексиќ, беше посочен како силувач од страна на негови ученички актерки, а прва јавно проговори Милена Радуловиќ.