(Фото) Елена Ристевска наполни 35 години и ја сподели својата роденденска приказна

Елена Ристеска која важи за една од најубавите и најуспешните пејачки вчера славеше роденден, па откри и колку години полни.

Имено Елена на Инстаграм сподели неколку фотографии од малата и интимна прослава, а честитки пристигнуваа од сите страни.

Торта со пеперутки, свежо цвеќе и насмеани лица и го разубавија денот на Елена, па напиша дека наполнила 35 години, а се уште не и треба ботокс, како што вели таа самата и откри каков уникатен подарок добила од своите пријателки.

-Пријателството е како цвет, колку повеќе го полеваш толку повеќе расте. И како што стареете, кругот на пријатели станува сè помал. Но, тоа е доволно за мене. Моите пријателки на овие фотографии го направија мојот роденден хармоничен ден на суши, јадејќи посна торта поради мојот велигденски пост, и ми дадоа УБАВ подарок, грамофон на кој конечно ќе можам да слушам грамофонски плочи и конечно даја слушам мојата плоча „Доста“, пишува таа.

Не се сите мои пријатели на овие фотографии, но јас ги сакам и нив. Не беше можно да се направи поголема забава, заради ситуацијата со Ковид. Ви благодарам на СИТЕ за роденденските желби, и иако се обидов не можев да одговорам на стотиците пораки што ги добив денес. Секој единствен збор и тој што си го потрошил време да ми го напише, ми значи најмногу на светот. Денес имам 35 години и сè уште не ми треба ботокс, можеби веќе следната“ напиша Елена.

Треба да знаете
Последни објави